Јас мислам дека ќе имаме многу тешка зима, особено затоа што владата не направи ништо пролетта и летово да се подготви за зимата. Додека, еве од регионот ќе почнам, и Александар Вучич и Еди Рама, па ако сакате и во Бугарија заради тоа падна Влада, се спремаат за зимата, ги полнат резервите со храна, со гас и така натака, во Македонија владата функционира како, онаа приказната за штурецот и мравката, во кој што владата е штурецот, постојано си свири и ужива во летото, ама проблем е што ќе се случи кога ќе дојде зимата, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Во вечерашното гостување во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија, Николоски истакна дека во моментов Македонија се наоѓа во исклучително лоша економска ситуација, која што не смееме да ја поцениме, особено во енергетскиот сектор каде што на граѓаните веќе почнаа да ги добиваат високите сметки за струја, која не е поскапена само 13% како што велат од Владата туку поскапена е за 100%, додека за компаниите достигнува и поскапување од 300 до 500 проценти.
„Не смееме да ја потцениме економијата. Ова што во моментов го гледаме е исклучително лоша ситуација, пред се во енергетскиот сектор каде што почнаа да стигаат сметките за струја, кој што за граѓаните не се 13 проценти повисоки како што беше кажано, туку и до 100 проценти а за компаниите се 300 до 500 проценти“, истакна Николоски.
Во однос на непреземањето навремени мерки и тоа што периодот на пролетта и летото, власта не го искориси да се спреми за зимата, Николоски вели дека Македонија е ставена во ситуаци како во периодот на короната, кога последна доби вакви, а македонските граѓани во колони мораа да одат во Србија да се валцинираат, така и сега ќе мора во зима да ги моли за брашно, масло и струја кај соседите.
„Македонија е ставена во иста ситуација како во периодот на короната, кога последна доби вакцини и кога молеше по соседите, луѓе мораа да одат во колони во Србија да се вакцинираат за да си го заштитат животот. Во такви услови Македонија повторно е ставена, а тоа ево очи на зимата да мора да моли од соседите за брашно, за масло, за електрична енергија. Ова што го гледаме сега е најава на катастрофа. Во моментов, Македонија увезува премногу електрична енергија по премногу висока цена, која што нема владата од каде да ја плати и затоа е многу реално и да има рестрикции во текот на зимата, а во Скопје и да има проблеми со парното таму каде што има централно греење. Во такви услови, преспивањето на пролетта и на летото ќе води кон лоша зима“, потенцираше Николоски.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ уште од април месец даваше совети за справување со енергетско економската криза, во однос на резервација на количини на гас и храна, но икој не сакаше да слушне, од власта едниствено ги интересира да направат сомнителни договори за набавка на јаглен и мазут.
„Ние уште во април месец дававме совети кој што никој не сакаше да ги слушне и во однос на резервација на количини на гас, и во однос на храна, и во однос на паметни економски и енергетски политики кои што овие незнаат да ги направат. Единствено што ги интересира е да направат договор со Косово за набавка на јаглен, кој што е целосно проблематичен и кој што е целосно добиезен, како и спорни набавки на мазут за ТЕЦ Неготино“, рече Николоски.