сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Кога бегалците ќе видат во каква сиромаштија живее македонскиот народ ќе посакаат да се вратат во Авганистан

Николоски:  Кога бегалците ќе видат во каква сиромаштија живее македонскиот народ ќе посакаат да се вратат во Авганистан

Мислам дека кога ќе дојдат бегалците тука и кога ќе ги видат улиците со дупки, улиците полни со ѓубре, кога ќе видат во каква сиромаштија живее македонскиот народ, можеби ќе посакаат да се вратат назад, затоа што можеби во моментов во Македонија е полошо од Авганистан, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Николоски истакна дека жално е тоа што се случува и дека најголема трагедија и мака за еден човек е а се исели од своето огниште од својата земја, но дека Македонија нема капацитет да прими бегалци бидејќи Заев не може државата да ја среди.

– Она што ние го поставуваме како прашање е дали Зоран Заев и оваа влада имаат капацитет за примање на бегалци и нашиот одговор е не, затоа што тие не можат да ја средат државата камо ли да примаат бегалци, потенцира Николоски.

Тој истакна дека Македонија има една таква тажна традиција, стотици илјади Македонци се иселени од Егејска Македонија под притисок на војна, така што апсолутно дека се има симпатија со бегалците од Авганистан, но уште еднаш нагласи дека прашањето е дека Македонија под овие околности нема капацитет да ги прими бегалците.

Најнови вести