сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Македонија може да заштеди до 300 милиони евра со контактите предложени од ВМРО-ДПМНЕ, настапуваме патриотски како опозиција ги санираме проблемите и штедиме

Николоски: Македонија може да заштеди до 300 милиони евра со контактите предложени од ВМРО-ДПМНЕ, настапуваме патриотски како опозиција ги санираме проблемите и штедиме

ВМРО-ДПМНЕ се постави државнички во целата работа околу енергетската криза. Претседателот Мицкоски сето она што го има како професионално искуство понуди контакти кои можат да обезбедат многу поефтин за гас и мазут од оној што Македонија што го купува. И истото што го нуди може да стигне во Македонија, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Што не е јасно“ што се емитува на телевизија Алфа.

Тој додаде „согласно сознанијата кои ги имам веќе е потпишан тн. ефет договор помеѓу ЕСМ и контактот, односно позицијата која беше дадена од страна на ВМРО-ДПМНЕ“. Претставници на компанијата која беше дадена како контакт во четврток ќе пристигнат во Македонија за да се официјализира сето тоа.

„Она што е вонредно значајно цената на гасот што Македонија може да ја добие е најмалку два пати поевтина од досега што е купувано. Тоа ќе заштити пари на граѓаните и е државнички чекор. Претседателот Мицкоски направи се Македонија да добие поевтини енергенси, скопјани да добијат парно, работниците да земат плата…Се надевам на мудрост од владата за да се финализира ова. Ако не се финализа ова ќе значи дека имаат коруптивни намери“, вели Николоски.

Тој соопшти дека ппретставници на компанијата беа вчера во Скопје разговараа со владата и сега останува да се договорат, а владата е таа која треба да одлучи.

„Тоа е патриотска работа која ја прави ВМРО-ДПМНЕ за Македонија, прво да се санираат проблемите и второ, да се заштедат пари на државата кои ги нема, а за кои треба да се задолжува“ посочи Николоски.

Во однос на мазутот, на кој работи ТЕЦ Неготино, односно произведува електрична енергија на мазут, рече Николски, има многу сериозна понуда со цена под берзанската, а сега Македонија плаќа цена далеку над берзанската цена.

„Последната понуда беше 40 долари што е под берзанските цени, што е серизона заштеда така што понудите и штедат на Македонија 300 милиони евра досега ова ниту една опозиција го нема направено“, заклучи Николоски.

Најнови вести