Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата „Трилинг“ зборуваше за енергетската криза во државата и потенцираше дека доколку целосно се ангажираат домашните капацитети и доколку добро се организира Македонија може да ја произведе целокупната електрична енергија која што ја троши.
-За оваа година мислам дека е касно, треба да се размислува за следната година затоа што кризата ќе потрае и никој не треба да е наивен дека кризата брзо ќе заврши. Mора да се направи еден сериозен план ние и за тоа зборувавме во јавноста во дел на целосно ангажирање на домашните капацитети и доколку добро се организира Македонија може да ја произведе целокупната електрична енергија која што ја троши. Во тој случај доколку се оди на производствена цена на електрична енергија, без дополнителни профити може и граѓаните и стопанството да добијат релативно евтина цена на електричната енергија што сега не е случај пред се со стопанството затоа што зависат од увоз и зависат од европските берзи на електрична енергија, рече Николоски.
Потпретседателот Николоски во текот на своето гостување се осврна и енергетските капацитети кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и укажа дека во тој мандат се произведувало некаде 6.5 илјади гигават на час електрична енергија, а се трошеле некаде околу 7 илјади.
-Во Македонија во тој мандат произведуваше некаде 6.5 илјади гигават на час електрична енергија, а троши некаде околу 7 илјади. Во моментот Македонија произведува максимум 3.5 гигават часови електрична енергија, а троши 7, затоа има толку потреба од увоз. Зошто го кажувам ова, затоа што со добра организација во РЕК Битола, РЕК Осломеј, работа на терен, работа на една од централите во рамки на ЕЛЕМ, работа на ТЕЦ Неготино, работа на електраните кои што се од обновливи ресурси, тука мислам пред се на фотоволтациите, на хидроцентралите и на ветерниците, Македонија може скоро целосно да ја задоволи потребата од електрична енергија и не треба да увезува. По мене клучната грешка се направи кога Заев брзоплето пред некаде 3 години најави дека ќе ги затвара РЕК Битола и РЕК Осломеј и дека целосно ќе оди кон таканаречена зелена енергија. Затварањето, затоа што тогаш почнаа да се спремаа односно гаснењето на овие два комбинати донесе до ситуација да сега во рамки на сериозна енергетска криза тие не можат да се покренат на ниво да ја произведуваат електричната енергија која треба да ја произведуваат, тоа беше погрешна одлука во услови кога сериозни држави размислуваа за таа работа во услови кога сите кои малце разбираат енергетика знаат дека мора да се произведе основната енергија и на таа да се надоградуваат од обновливи избори, кажа Николоски.
Потпретседателот додаде дека за оваа година треба да помогне и буџетот и дека ВМРО-ДПМНЕ излезе со мерки за надминување на ова криза.
-За оваа година треба да помогне и буџетот и ние излеговме со мерки, наједноставно ќе ги објаснам сето она што е над цена која што може да ја платат компаниите односно сето она што е над производствена цена во Македонија до цена која што компаниите ја плаќаат на отворениот пазар треба да биде субвенционирана од страна на буџетот. И тоа е единствен начин да преживее стопанството оваа година. За следната година доколку навреме се отворат рудниците во РЕК Битола, доколку паметно се менаџира РЕК Осломеј, доколку се најдат енергенси а можат да се најдат зборувавме за тоа, за ТЕЦ Неготино и за ТЕ-ТО Скопје и паралелно паметно се работи со хидропотенцијалот во Македонија и обновливите извори може да има многу многу подобра ситуација од тоа што е сега, треба само работата да се фати на време, вели тој.