среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски од Росоман: Ќе им помагаме на земјоделците

Николоски од Росоман: Ќе им помагаме на земјоделците

Ќе им помагаме на земјоделците, со силен инвестициски циклус од околу 160 милиони евра секоја година субвенции и преку 200 милиони евра во обновлив систем за откуп и гарантирана цена, што ќе зададе удар на зелената мафија, а ќе овозможи праведни цени за трудот на земјоделците. Ова го истакна денеска во Росоман Александар Николоски, кој во изборна единица 4 е носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за претстојните парламентарни избори.

-Овде се сретнавме со луѓе од регионот. Тие ни кажаа дека маките им се исти, проблемите исто. Екстремно ниска цена на откупните производи, никаква поддршка од државата. Луѓето се жалат дека овошките годинава скоро и да не родиле поради мрзнење, немаат добиено никаква поддршка и субвенции од државата, рече Николоски, кој е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што нагласи, луѓето се пожалиле дека цените за земјоделските производи биле екстремно ниски и тие навистина тешко живееле.

-Исто така потиштени се од националните предавства кои и се случуваат на Македонија. Со промената на името, двојазичноста, продажбата на историјата. На тоа луѓето сакаат да се стави крај и ќе ставиме крај по победата на 15 јули. Заедно ќе ја исправиме Македонија и заедно ќе ја обновуваме, додаде Николоски во Росоман.

Најнови вести