недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николоски од Стразбур: Македонија да почне преговори со ЕУ достоинствено, како Македонци со македонски јазик

Николоски од Стразбур: Македонија да почне преговори со ЕУ  достоинствено, како Македонци со македонски јазик

Во следните два дена во рамки на Советот на Европа ќе имам бројни средби во кои што ќе разговарам со бројни пратеници од сите европски држави. Ќе разговарам за интересот на Македонија, за потребата Македонија да почне преговори за членство со ЕУ на достоинствено. Македонците да почнат преговори за членство со ЕУ како Македонци. Македонскиот јазик да биде признаен како македонски јазик, односно да се отфрлат тешките барања кои што ги поставува Бугарија и која што става вето на почетокот на преговори на Македонија со ЕУ, ова денеска од Стразбур го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Она што го гледам изминативе денови е целосен дебакл на македонската дипломатија. Затоа што дозволија еден документ кој што е во целосно спротивно на македонските национални интереси веќе да циркулира во европските главни градови и за него да се разговара. Тоа е катастрофален документ. Тоа е документ кој што значи поништување на Македонија, и на македонскиот народ и на македонскиот јазик. Останува нејасно зошто има целосен молк од страна на Владата, премиерот Ковачевски, и министерот Османи. Единствениот логичен одговор е затоа што на тоа се согласиле. Повикуваме да се отфрли тој документ и јасно кажуваме од тука од Стразбур дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати ниеден документ кој што задира во македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската самобитност. Ние можеме да стигнеме до европските вредности на правилен начин, а не со понижување и со уцени, рече Николоски.

Најнови вести