Ова што го прави владата на СДСМ е невидено и тоа никаде, ниту во Европа ниту во светот. Во услови кога цел свет се соочува со здравствена и економска криза сите се обидуваат да помогнат на својот народ и на својата држава, коментира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на новинарско прашање за зголемувањето на акциата за нафта.
-Гледаме во одредени држави директно се исплаќаат средства на граѓаните за да можат да го пребродат ова полесно, во други се даваат големи пакети на компаниите за да преживеат. Само во Македонија се зема од граѓаните и треба да се свесни граѓаните дека заради криминалот на Зоран Заев и неговите пајташи, заради неколку фирми блиски до Зоран Заев од овој бизнис, следниот пат кога ќе наточат гориво на бензинските пумпи, а тоа е за жал веќе од денес, поскапиот бензин кој ќе го платат кој ќе е поскап не три денари како што кажуваат, туку помеѓу 4 и 6 денари поради дополнителните давачки кои не ги кажуваат, поскапиот бензин е директно последица на работењето на Зоран Заев и на криминалната банда околу него. Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ акцизите ќе ги укине, односно ќе ја укине оваа дополнителна давачка која ја воведува криминалната влада на Зоран Заев со цел да можат да се обогатат, истакна тој.
Потенцира дека прашање кое нема одговор е зошто се манипулира со околу 9 милиони евра народни пари?
-Имено, отприлика толку е она што е богатење на неколку луѓе околу Зоран Заев поради покачување на акцизата и во исто време поради манипулациите со т.н. екстра лесно гориво кое во Македонија се троши, официјално, далеку, далеку повеќе од она што е реално е потребно на македонското стопанство што отвора сериозни сомнежи за манипулација со истото, а јавна тајна е кои луѓе тоа го работат, луѓе блиски на СДСМ и Зоран Заев, порача Николоски.