четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Преспанскиот договор е најлошиот договор кој што Македонија можеше да го добие

Николоски: Преспанскиот договор е најлошиот договор кој што Македонија можеше да го добие

Политика на спин, што за жал ја користи СДСМ ја почувствував. На интервју кај ваш колега од друга телевизија ми беше поставено прашање на прашањето имаше три минутен одговор и после тоа оди секвенца од десет секунди на која што не се дава кое е прашањето, не се дава во кој контекст е дадена реченицата затоа што реченицата односно одговорот траеше три минути и се гледа ако го гледале гледачите видеото дека јас тука не ја почнувам реченицата ниту ја завршувам реченицата која што беше пресечена, појасни Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски на емисија „Само вистина“.

Николоски образложи дека неговиот одговор беше дека апсолутно подобар договор од Преспанскиот договор беше возможен затоа што Преспанскиот договор е најлошиот договор кој што Македонија можеше да го добие. Да не преговараше македонската страна само да им дадеа празен лист, хартија на Грците да си напишат што сакаат ќе имавме подобар договор, бидејќи незгодно ќе им беше на Грците да напишат волку работи колку што добија. Значи апсолутно го имаме најлошиот договор кој што можеше да се постигне за името. И е факт дека со една напорна работа со посветеност, со една чесна влада и со влада која што сака да го реши спорот но во исто време се спрема, има аргументи позади себе и меѓународни пријатели и нема нула експерти, а грчката влада има 60 експерти по меѓународно право, туку парира на 60 со 60 или можеби ангажира и 70 и 80. Во едни такви услови апсолутно може да се постигне подобар договор од овој договор.

Во однос на актуелната ситуација ние ќе направиме се да спречиме да овој договор да се реализира во Собранието. Со наши аргументи што ќе ги искажеме во Собранието  ќе се премислат и пратениците од СДСМ и останатите пратеници кои што гласаа. Затоа што аргументите се целосно на нашава страна, посочи Николоски.

 

 

Најнови вести