Најдобрата комбинација, идеалната комбинација која временски одговара е заедно референдум и предвремени парламентарни избори коишто би се случиле во првото тримесечје на 2023 година, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.
„Референдум и избори е најдобрата опција, зошто ? затоа што доколку има заедно референдум и избори нема државата да се троши два пати, второ народот ќе може да се изјасни и трето обидите на власта да го опструира референдумот што е најголем страв кај оние кој што се најголеми патриоти и коишто се загрижени за Македонија “, рече Николоски.
Тој додаде дека сега се оди кон собирање 150 илјади потписи која ќе трае согласно роковите 3 месеци.
„Кога тие 3 месеци ќе завршат во рок од 60 до 90 дена треба да се случи референдумот. Ова одговара за да се формира и техничка Влада, да се распушти Собранието, да се направат предвремени парламентарни избори и ние во исти момент да имаме и референдум и предвремени парламентарни избори и народот да ја искаже својата волја“, дециден е Николоски.