сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: СДСМ има намера за 100 милиони евра кредит да ги затвори ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола заклучно со 2027 со што Македонија ќе стане целосно енергетски зависина

Николоски: СДСМ има намера за 100 милиони евра кредит да ги затвори ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола заклучно со 2027 со што Македонија ќе стане целосно енергетски зависина

Владата сака да земе кредит од дури 100 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Само Вистина“ што се емитува на телевизија Канал 5 додавајќи дека ова за партијата е недозволиво.

„Прво самиот процес на задолжување е проблематичен се земаат пари заради неодговорни политики и ќе ги враќаат генерациите понатаму. Второ и уште попроблематично е што Владата доставува закон во Собрание но во него не го доставува клучниот дел кој ќе ви го прочитам кој вели – доколку се подигне овој кредит треба да се потпише договор од кој точка 5.3.3 е деактивирање на постоечката ТЕЦ на јаглен Осломеј и термоелектраната Битола тоа е познатата РЕК Битола и стопирање на активности во овие термоелектрани. ТЕЦ Осломеј да се затвори до крај на 2023 година ТЦ Битола до крај на 2027 година односно“, информираше Николоски.

Тој објасни дека ова е дел од постапката за одобрување на заем односно кредит, а власта ги крие од јавноста, бидејќи во ни еден момент не кажа дека услов за кредитот е Кичево и Ботола да станат пусти градови едниот по 2023, другиот по 2027 година.

„Оттука по 2027 година Македонија практично нема да произведува сопствена електрична енергија и целосно да е увозно зависна и цените кои ги има стопанството да ги имаат сите граѓани, преку 7 илјади лица да останат на улица и веројатно уште стотици кои би останале на улица поради компаниите. Така што она што е значајно дека ги кријат клучните елементи за да земат заем“, кажа Николоски.

Најнови вести