Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 4, вечерва гостуваше на телевизија Алфа на емисијата „Што не е јасно“ на која се осврна на актуелната ситуација во ИЕ 4, како и на земјоделието кое е многу важно во овој дел.
„Во 4 ИЕ никогаш не победил. Последно СДСМ има победено 2002 година и да има одредени соработки кои се случувале со Струмица, но надлежните судски органи треба да се произнесат. Видовме во Ла Верита како се купувале гласови и многу ќе стане јасно дека не победувал, туку се купувале гласови. Затоа ќе го победам и во 4 ИЕ и дома во Струмица. Во однос на поткупот не може да купите некој со еден пакет, граѓаните остануваат без работа, а тоа треба да престанат да го прават зошто поткуп е тешко кривично дело и за тоа ќе одговараат зошто ќе постапат надлежните институции“, рече Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека одејќи на терен на средбите со граѓаните ретко слуша добри вести.
„Краставицата е стигната до 5 денари за килограм, зелката три денари ако има кој да ја откупи. Луѓето не се наивни знаат зошто тоа се случува. На пример велат краставицата беше 12 денари, а Заев и власта и дозволија на зелената мафија, а тоа се 5-6 фирми кои се откупувачи на земјоделски производи, да ја јадат маката на земјоделците. Тие им ги купуваат за без пари земјоделските производи, а потао ги продаваат поскапо видете колку е во маркет цената и ќе ви биде јасно. За 100 евра треба да продадат илјада и двесте килограми краставици. Кромидот е 6-10 денари ако има кој да го купи и треба 600 килограми кромид да крене со две раце за 100 евра. Праските и кајсиите измрзнаа и државата прв пат не даде поддршка. За грзојето има голема незивесност заради затворањетона на Поварадарие. Ми велат носиш еден тон и ти велат ако ти одговара 900 килограми да платиме добро“, рече Николоски објаснувајќи што се случува.
Николски рече дека под влијание на зелената мафија излобиран е Закон за тутунот со кој се дозволи увоз пред да е продаден домашниот, или се дозволи да се увезе од Албанија и Бугарија и остана домашниот неоткупен.
„И одам кај луѓето и гледам како позади куќите стои тутун непродаден. Исто и ги уценуваат тутун од прва класа им го плаќаат како тутун од втора. Годишно има кога е подобра годината 27 милиоми тони тутун, а годинава има договори за 22 милиони тони тутун, значи 5 тони ќе останат непродадени или нема приход на семејствата, затоа ние прво ќе донесеме закон за забрана за увоз на тутун пред откуп на домашниот тутун, посочи Николоски.
Тој го спомена случајот со директорот на Тутунски комбинат Прилеп.
„Комбинатот е во државна сопственост, а директорот поставен од влада тој има плата од три и пол илјади евра, а за цела година едно семејство заработува околу 7 илјади евра годишно ако добие добра цена. Ова го кажав имам документи и нормално нема денат. Со такви бандити имаме работа затоа убедливо ќе победиме“, рече Николоски.