понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Шарената револуција направи трајни штети на Македонија кои долго ќе се чувствуваат

Николоски: Шарената револуција направи трајни штети на Македонија кои долго ќе се чувствуваат

Шарената револуција направи долгорочна штета на Република Македонија, за која што последиците уште долги години ќе ги чувствуваме. Имајќи предвид како беше организирана, на начинот на кој што беше спроведена и кои и беа целите на таа револуција. Знам дека таму имаше и луѓе кои што искрено влегоа во целата оваа работа, но беа изманипулирани, а оние кои што ја организираа сметам дека многу добро знаеја што прават, зошто го прават и како го прават, вели Александар Николоски, еден од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашната емисија во Центар на Васко Ефтов.

Според Васко Ефтов моделот на кој тоа е направено остава простор за сомнеж дека тоа е направено со одредена цел, а тоа е да биде дестабилизирана Република Македонија да биде наметната една политичка криза, Македонија да биде во исклучително лоша финансиска, политичка и безбедносна кондиција и таква слаба Македонија да влезе во процес на преговори за името. Тоа е лајт мотивот на се она што ни се случи во изминативе 3 години. Ова е систем кој што требало да биде спроведен во Република Македонија.

Николоски целосно се согласува со оваа анализа на Ефтов.

-Политички партии доаѓаат и си одат од власт, но начинот на која беше спроведена целата таа акција не само околу „шарената револуција“ туку и прислушуваните материјали говореше дека тука не се игра  по правила, не се игра според одреден „фер плеј“ кој што постои во политика, туку се играше со удари кои што беа под појас, вели Николоски.

Според  Николоски последиците од тоа допрва ќе ги гледаме, тие веќе се и гледаат вели тој, но допрва ќе се гледаат. Тој вели дека во моментов имаме власт во Република Македонија која што е комплетно неспособна, не спроведе ниедна од работите кои што сама ги вети, во било кој сектор од животот.

Најнови вести