среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Шеќеринска глуми загрижен патриот, предавството ќе ви тежи навек

Николоски: Шеќеринска глуми загрижен патриот, предавството ќе ви тежи навек

Ја гледам денес Радмила Шекеринска како глуми задоцнет патриот, па вели да се имало разбирање за луѓето што се против промена на Уставот со цел влез на Бугарите во него, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Истата Шекеринска што беше втор човек на СДСМ и на Владата кога се потпиша Договорот со Бугарија со кој прифатија дека Македонскиот и Бугарскиот народ имаат ЗАЕДНИЧКА историја, а немаат! Истата која прифати промена на име и гордо се сликаше во Нивици. И истата која според многумина ги влече конците од позади сцена во СДСМ и со која Димитар Ковечевски се консултира за секоја покрупна одлука. Таа Шекеринска продава задоцнет патриотизам. Извинете ама не поминува. Како што Ви кажав на еден од нашите дуели кога го менувавте името на Македонија – ПРЕДАВСТВОТО ЌЕ ВИ ТЕЖИ ЦЕЛ ЖИВОТ, вели тој.

Николоски посочува:

„И тогаш како и сега најголема нервоза ви е што не можете да го седнете ВМРО ДПМНЕ да го подржи предавството! За овој договор кој значи капитулација на Македонија ние сме на РАЗЛИЧНИ СТРАНИ и НИКОГАШ НЕМА ДА СМЕ НА ИСТА СТРАНА, ПО НИЕДНА ЦЕНА“!

Во Фејсбук статусот на Николоски објавен е и линк од најважните моменти од дуелот во 2018:

Најнови вести