Глас за помали политички партии е глас за СДСМ. Затоа што на крај Заев направи влада, тоа се случи лани, тој ги освои своите гласови толку колку што освои, што со притисоци, што со поткуп, што со некои традиционални гласачи во СДСМ. Гласовите во десницата се поделија, најголем дел дојдоа во ВМРО-ДПМНЕ, дел во Левица, дел во помали политички партии и Зоран Заев само за 2 пратеника формираше влада, смета Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно?“ На телевизија Алфа.
Ако после тоа што се случи минатата година на било кого му е нејасно кој е патот, мислам дека не сака да го види патот. И така поделени гласови не коштаат два пратеници коштаат шест или осум пратеници заради моделот затоа што имаше места каде што ВМРО-ДПМНЕ за ситно не освојуваше пратеник плус. Така што кога ќе додадете една маса од 60.000 гласа кои што отидоа надвор од орбитата на ВМРО-ДПМНЕ ќе видите дека ВМРО-ДПМНЕ можеше да победи со една разлика од шест до осум пратеника и да има сега една стабилна македонска влада, што во моментот го нема, рече Николоски.
Николоски посочи дека е потребно хомогенизација на опозициските гласови се со цел убедлива победа и на локалните избори, но и на предвремените парламентарни избори се со цел како што рече еднаш засекогаш да го исчистиме Зоран Заев.
И ова е една порака за локалните избори, се надевам и предвремените парламентарни избори да се хомогенизираат опозиционите гласови, гласовите од револт на едно место со цел да имаме убедливи победи на градоначалници да имаме голема разлика на предвремените парламентарни изброи се со цел еднаш засекогаш да го исчистиме Зоран Заев од политичката сцена, порача Николоски.
Николоски, смета дека за смена на владата е потребно масовно излегување на локалните избори, посочувајќи дека со излезност од 70 проценти ВМРО-ДПМНЕ ќе освои над 40 општини, а со самото тоа и СДСМ да не се согласува да има предвремени парламентарни избори истите ќе се случат за неколку месеци.
Ако народот сака промена на Зоран Заев и оваа власт, мора масовно да излезе на гласачките кутии и да гласа и да ја казни. Од седење дома, од коментари на фејсбук не се менува власт. Власт се менува на гласачки кутии. На парламентарните избори минатата година имавме 51 процент излезност, значи многу луѓе останаа дома, ако на локалните избори имаме над 70 проценти излезност јас ве убедувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во над 40 општини ќе има градоначалници, што ќе едно нокаутирање на Зоран Заев и СДСМ, што дури и ако не се согласат да има предвремени парламентарни избори, предвремените парламентарни избори ќе се случат за неколку месеци затоа што така ќе бидат потопени на локални избори да нема да можат ден да седат на власт. Така што клучот е голема масовна излезност и казнување на оваа влада, смета потпретседателот Николоски.