Потпретседателот на ВМРО- ДПМНЕ Александар Николоски во гостување на „Радио Лидер“ кажа дека со случајот „Рекет “ повеќе од јасно е дека целиот систем скапува од корупција и дека во државата корупција има од најниско до највисоко ниво.
– Со случајот „Рекет“ се покажа дека само небото е граница за корупцијата во Македонија што силно ги руши темелите на државата од морални вредности и систем затоа што било кој службеник на шалтер си вели зошто на странката која што доаѓа да не и побарам 100 грама кафе кога може премиерот на државата да бара милиони и гледаме дека скапува целиот систем во Македонија од корупција. Корупција има од најниско до највисоко ниво и Македонија за жал скапува во корупција, истакна Николоски.
Тој исто така потенцираше дека случајот „Рекет“ е јасна последица од огромниот пораст на корупцијата во земјата и додаде дека таквата состојба единствено може да се реши со јасна политичка волја односно дека криминалците мора да одговараат.
-Директна последица на „Рекет“ е енормниот пораст на корупција на сите нивоа затоа што не само од страв туку се изгуби и секаква почит кон државата што секако мора да запре. Се знае како запира со јасна политичка волја, расчистување со корупција, криминалците треба да одговараат. појасни Николоски.