„Утре ќе има седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на кој што највисокото раководство на партијата ќе ја анализира оваа недела дена блокада досегашна и кои би биле следните чекори. Ние го блокираме Собранието од вторникот значи четири работни дена. Во само четири работни дена успеавме да постигнеме две цели, прво во Собранието освен што се усвои Дневен ред за една седница ниеден закон не е изгласан, а успеавме и да спречиме едно многу штетно т.н. автентично толкување со кое што требаше да се дозволи втор оператор за игри на среќа, и онака државава има проблем со коцкањето условно кажано замислете да се отвори и втор оператор во интерес еве ќе бидам директен коалициониот партнер на СДСМ, ДУИ. И второ кое што успеавме да го постигнеме е да се крене јасноста и свесноста на ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ. А, јас се уште се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе смогнат сили од Влааста дека премиерот од СДСМ ќе се јави и ќе закаже лидерска средба на која што ќе разговараме за датум за предвремени парламентарни избори и за четирите тима во четирите клучни области, финансии, економија, образование и проблемите со Бугарија, да ги составиме тие тимови“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
Николоски додаде дека доколку не се случи закажување на лидерска средба на утрешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе се разговара за следни чекори кои што ќе бидат потврди од овој чекор што е сега во Собраниет, а тоа е блокада на Собранието.
„Сите опции се на маса и сето што го дозволува демократијата е на маса, но јас се уште се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе се прифати барањето на ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба на која што ќе разговараме за клучните теми“, нагласи Николоски.