четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Веројатно постои таен договор за промена на преамбулата на Уставот, Заев се откажа од Илинден и АСНОМ

Николоски: Веројатно постои таен договор за промена на преамбулата на Уставот, Заев се откажа од Илинден и АСНОМ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во гостувањето во емисијата ,,Јади Бурек’’ на телевизија Сонце истакна дека спротивно на она што го вели Зоран Заев, со договорот со Грција за промена на името се менува македонскиот идентитет.

Николовски вели дека со договорот ќе се менува и преамбулата на Уставот, бидејќи во детали во договорот не пишува како ќе се менува преамбулата тој верува дека за ова прашање има посебен и таен договор. Преамбулата на Уставот се повикува на историскиот континуитет на македонската држава, во преамбулата се повикуваме на Илинденското востание и Крушевската Република како и АСНОМ. Според Николовски со договорот Заев се откажал и од државниот континуитет на Македонија од АСНОМ и Илинден.

Николоски вели се ,,откажуваме од историјата, од Илинден и АСНОМ и се обврзуваме само на историјата која се одвивала на денешната територија’’, а со тоа всушност самите кажуваме дека сме Титова творба како што милуваат да кажат Бугарите’’.

На Македонија во договорот и се наложува и промена на Членот 49 од уставот кој се однесува на заштита на македонските национални малцинства потенцира Николоски. Со промена на овој член Македонија според Уставот повеќе нема да има право да се грижи за своите малцинства во соседството забележа Николоски. Македонците од егејскиот дел на Македонија, ќе нема да можат да кажат дека говорат македонски, а ние нема да можеме да ги штитиме нивните права вели тој.

Најнови вести