Владата во надеж да преживее и да се задолжи за 100 милиони евра кредит се обврзува да ги затвори ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола заклучно со 2027 со што Македонија ќе стане целосно енергетски зависна, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Николоски во гостувањето во „Само Вистина“ покажа и документи за заемот, за кои вели дека власта ги крие.