вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е убедено дека Митевски ќе освој нов мандат во Петровец, а советот ќе го добие мнозинството

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е убедено дека Митевски ќе освој нов мандат во Петровец, а советот ќе го добие мнозинството

Граѓаните ќе го направат истото, а актуелниот градоначалник ќе добие уште еден мандат. Убеден сум дека ќе има убедлива победа, победа за продолжување на сите овие проекти, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Денеска сме тука на една изградба на улица во Катланово, но тоа не е единствена улица која се гради, се градат и уште многу, а бројни се граделе во минатото и ќе се гради во иднината. Затоа имаме посветен, чесен, одговорен градоначалник кој што ја знае работата и градоначалник кој се бори за себе како за дома. Неговото работење во општината покажа дека со визија може да се развие една општина и општината Петровец стана една главна општина во која се развива индустријата во Македонија. Најголем број од фабриките кои се градат во Македонија и од странските и од домашните се на територија на Петровец, вели Николоски.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ е убедено дека тој ќе освој нов мандат и дека ќе имаат мнозинство во Советот за непречено реализирање на проектите.

Најнови вести