Првата меѓувладина конференција на ЕУ и Македонија нема да се случи се додека е ова високо ниво на корупција. Бугарија е само изговор. Ние немаме проблем со најсилната членка на ЕУ, туку со најслабата членка на ЕУ поради која има и скепса за проширување. Никој не може да не убеди дека Бугарија не може да се притисне од ова вето, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа телевизија потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, додавајќи дека доколку ЕУ е убедена дека Македонија заслужува да почне преговори проблемот ќе се реши веднаш, дипломатски тешкаш ќе слета во Софија и ќе ја заврши работата, а Македонија ќе почне преговори.
Тој истакна дека имајќи предвид дека во ЕУ има скепса по однос на почеток на преговори на Македонија со ЕУ, затоа што сметаат дека државата не е спремна.
– Има висок степен на корупција, не се испорачуваат реформи и нема фунцкионален систем на владеење на право. Кога би ги немале овие проблеми нашата позиција ќе е поголема и нема да може Бугарија да не уценува и да бара да се обезличиме, изјави Николоски.
Тој појасни дека и кога власта кога создаваше дека кога ќе го реши спорот со Грција и ќе се отворат златни порти за Македонија и ќе почне мед и млеко да тече по улици, им беше укажувано дека со оваа корумпирана влада нема да има преговори.
– Тогаш им кажав дека Македонија нема да почне преговори со ЕУ се додека Заев е прмеиер и додека е оваа влада толку многу корумпирана. Викаа дека тоа е научна фантастика, но 4 години подоцна се пкажа дека бев во право. Фактите се едноставни, ниту еден сериозен европски премиер не сака да седне на маса со корумпирани политичари и со човек кој е на снимка фатен како бара мито, изјави Николоски.