„Треба да престане праксата на мешање на политичките партии во други политички партии. Значи членовите на ВМРО-ДПМНЕ се определиле за ВМРО-ДПМНЕ затоа што мислат дека тоа е политичката партија во која што треба да членуваат. Значи зборуваме за членови за оние кои што се најпосветени на политичките партии, а има и поддржувачи, има и гласачи кои што се поваријабилни. Тие кои што се зачлениле во СДСМ мислат дека тоа е за нив најдобрата опција. Последно мене што ми паѓа на памет е да коментирам случувања во СДСМ се додека тие случувања се однесуваат на партијата. Имајќи в предвид дека се владејачка партија доколку предложат на пример нов состав на влада, нов премиер како што најавуваат тоа веќе е друго тогаш ја коментираме Владата“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Студио 10“ на 24 телевизија.
Николоски додаде дека нема никогаш да коментира внатре случувања во СДСМ бидејќи тоа си е нивна внатрепартиска работа.
„Како што последна работа која што мислам дека е вкусно да ја прават од СДСМ е да коментираат случуваат во ВМРО-ДПМНЕ. И тука два сегменти би сакал да допрам. Прво, мислам дека се работи крајна политичка некултура ако сакаат и прашање на вкус да СДСМ да го закаже својот избор за претседател на партија не навлегувам кого избраа, тоа е нивен избор, на ист датум на кој што ВМРО-ДПМНЕ веќе повеќе од два можеби три месеци имаше закажано Конгрес. Значи сите знаеја кога ќе е Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ и на сите возможни датуми кои што ги имаа од СДСМ на располагање го одбраа датумот на кој што ние правевме Конгрес што е едно минимално почитување. Ние за избори седнуваме па се договараме, да не се погодиме во ист град, или во исто населено место во ист ден заради тој политички бон тон камо ли за Конгрес. И втората работа, раководство на СДСМ ако сакате уште од Бранко Црвенковски и Киро Глигоров до денес до Заев секогаш се обидувале да инсталираат раководство во ВМРО-ДПМНЕ кое што е по нивна мерка. Тука најдалеку отиде Зоран Заев кој што поддржуваше една групација минорна групација повеќе исфорсирана во рамки на ВМРО-ДПМНЕ па дури се обидуваа и вонредни Конгреси да прават. Тој обид не му успеа и последниот обид за мешање на СДСМ во ВМРО-ДПМНЕ како што и ВМРО-ДПМНЕ не треба да се меша во СДСМ“, појасни Николоски.