вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: За критиките за економијата има конкретни аргументи, и ММФ ја намали очекуваната стапка на раст

Николоски: За критиките за економијата има конкретни аргументи, и ММФ ја намали очекуваната стапка на раст

Клучно на овој пат кон Европската унија е граѓаните да живеат подобро. Но дали е така, праша Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ говорејќи за Извештајот за прогрес на Република Македонија, кој гостуваше на телевизија Телма.

-Дека во извештајот има критики и дека Европската комисија констатира дека „има клучни слабости во економијата“, како „недостатоци во деловното опкружување, како што се слабото спроведување на договорите и големата сива економија, високи стапки на невработеност, фискална политика е насочена кон краткорочни мерки и нема траен план за консолидација, ниски стапки на иновации и значајните недостатоци во инвестициите…“, Николоски го арументираше со факти.

Тој посочи дека и Меѓународниот монетарен фонд ги намали очекувањата за стапката на раст од 3,2 проценти на 2, 8 отсто. Потенцираше и дека потрошувачката е намалена за една четвртина.

Николоски се осврна и на индустриското производство или конкретни сектои како на пример градежништвото.

-Има пад на вкупните одобренија за градба. Значи работници од градежниот сектор кои се меѓу ранливите социјални категории остануваат без работа. Но, има пад на индустриското производство во сите сектори, рече Николоски.

Најнови вести