Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во гостување вчера во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија, вели дека Зоран Заев правел притисоци врз одредени членови на историската комисија, односно на оние кои што не сакале да играат по неговите правила, па поради тоа ги маргинализирал.
-Исто така, се шират гласини дека Зоран Заев веќе ги компромитирал поголемиот дел од нив и им спрема заменски решенија, со што ќе се доведе во позиција да можат да преговарат во полза на барањата на Зоран Заев, односно да потпишуваат работи кои нивните претходници не сакаат да ги потпишат, вели Николоски и додава дека: Тоа самото по себе доволно говори за ситуацијата во која се наоѓа Зоран Заев, како и оганот кој му гори под нозе. Доколку сето ова се оствари, јасно ќе биде дека Зоран Заев управува со членовите на историската комисија, односно наместо историчари, членовите на комисијата се негови соработници во распродажбата на националниот идентитет, заврши Николоски.
Тој во своето гостување освен на многу теми, се осврна и дека вицепремиерот Никола Димитров брифирал новинари дека тој го спречил премиерот Зоран Заев да потпише се што Бугарија побарала.
-Сакам да го прашам Зоран Заев дали знае дека неговиот потпретседател оди низ Македонија и брифира новинари и креатори на јавното мислење дека тој, Никола Димитров е причината што не потпишал Договор со Бугарија? Односно Заев бил подготвен да потпише договор со Бугарија, меѓутоа Димитров го спречил и тоа успеал да го направи преку скопското крило на СДСМ, вели Николоски.
Тој прашува и дали е вистина дека е Заев е незадоволен од работата на историската комисија и дали се прави обид да се компромитираат дел од членовите со цел комисијата да биде распуштена и да биде поставен нов состав од МНР што ќе потпише се што Заев ќе побара?, прашаува Николоски.
Николоски вели дека Зоран Заев покрај тоа што го распродава македонскиот идентитет, тој исто така низ призма на преговорите турка и бизнис зделки врз грбот на граѓаните. Јасно е дека Зоран Заев ветувал и бизнис зделки на Бојко Борисов, а тоа се гледа по односот помеѓу двајцата лидери изминатиот период.
Имено, Зоран Заев ветувал дека бугарски капитал ќе влезе во Македонија преку рудникот Иловица, кој магично преку ноќ го промени сопственикот. Исто така им ветил една национална телевизија, акции во еден оператор мобилен, банка и слободно користење на општички кабел на една државна компанија. Тоа се работите кои Зоран Заев лично му ги ветил на Бојко Борисов, вели Николовски.
„Бугарските медиуми пред одреден краток период потврдија дека Зоран Заев поседува имот на Халкидики, Грција, а тоа само кажува за точноста на информациите за договорите помеѓу Заев и Борисов, како и со другите лидери, на кои не само што им ги исполни бизнис барањата, туку им го даде на тацна и македонскиот идентитет. Тоа е класично понижување на државата”, тврди Николоски.