Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во „Трилинг“ во 24 Телевизија, во врска со вториот круг од изборите истакна дека попусто Зоран Заев се надева на пресврт кога тоа е невозможно, затоа што јасна е волјата и тенденциите на граѓаните, а во однос на ВМРО-ДПМНЕ смета дека на овие избори се разбиени трите митови кои постоеја за партијата.
-Во однос на надежите на нашиот политички опонент дека е возможно да направат пресврт во вториот круг, сметам дека е невозможно, затоа што јасна е волјата на луѓето и јасни се тенденциите кои се гледаат, вели Николоски.
Николоски појасни дека ВМРО-ДПМНЕ разбила три митови на овие избори, првиот е дека немала коалиционен капацитет, па рече дека партијата има стабилна коалиција со Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и партиите од помалите етнички заедници, турските партии, ромската и влашката партија, што говори дека ВМРО-ДПМНЕ го рашири спектарот на политичко делување.
Николоски посочи дека и другите два мита се избриени на овие избори. -не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ не може да победи, што се докажа дека е можно и во однос на меѓународната заедница на овие локални избори се случил феномен, односно ВМРО-ДПМНЕ доби и голема поддршка од господинот Доналд Туск, претседателот на Европската народна партија, додека пак СДСМ не доби таква поддршка од Социјалистичката интернационала, вели Николоски.