петок, 29. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Заев прво лажеше дека не знаел дека врвот на СДСМ имал средба со Бојан Јовановски, а после кажа дека бизнисмените не се рекетирани, туку им се нудени инвестиции

Николоски: Заев прво лажеше дека не знаел дека врвот на СДСМ имал средба со Бојан Јовановски, а после кажа дека бизнисмените не се рекетирани, туку им се нудени инвестиции

Денеска беше главната расправа на тужбата која што Зоран Заев и најскапиот адвокат во Македонија Филип Медарски ја поднесоа против мене. Како што знаете јас се бранам самиот затоа што немам што да кријам и ниту имам потреба од адвокат, ниту имам потреба од бранител и сметам дека аргументите се на моја страна. Прво би сакал да го осудам овој принцип на поднесување на тужби за клевета од страна на политичари кон други политичари или кон новинари. Стојам на мојот став дека ниту некогаш сум поднел тужба за клевета против јавно лице или новинар, ниту тоа ќе го направам во иднина. Затоа што начинот на јавна дебата е преку изнесување на сознанија и доколку не се точни демантирање на истите. Додека политичарите, односно ние како најизложени јавни лица мора да сме спремни да трпиме поголема критика од јавноста од тоа што е предвидено за обичните луѓе. И затоа се бесмислени ваквите тужби за клевета, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Од главната расправа и од распитот кој што го имавме денеска, и од прашањата кои што му ги поставив денеска на Зоран Заев јавноста може да дознае неколку работи. Прво, дека Зоран Заев лажеше во судот – што е кривично дело. Затоа што кажа дека не знаел дека целокупниот врв на СДСМ на чело со тогашниот генерален секретар на партијата, тогашниот заменик претседател на партијата Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче, градоначалникот на Карпош Стефан Богоев и останати лица имале средби со Боки 13-ка. Значи сите тие имале средби ама според Зоран Заев тој не знаел. Тоа е првата лага која што ја кажа. Втората лага што ја кажа е дека ние денеска разбравме всушност дека посетите на домот на Боки 13-ка и оние снимки кои што ги видовме, всушност биле дел од активностите “врата до врата” на политичката партија СДСМ. Имено, како што одговори Зоран Заев тие имале редовни активности за посета на гласачи и на членови и симпатизери и така одејќи од врата на врата и Шекеринска и Кирацовски и Филипче и Богоев и останатите стасале на вратата кај Бојан Јовановски, а тој бил доволно гостопримлив да ги покани дома на кафе и ете случајно излегле снимки од таму,м потенцира тој.

Николоски додава дека третата работа која што ја разбравме денеска, е дека во Македонија не биле рекетирани бизнисмени од страна на врвот на СДСМ, туку ним им биле промовирани инвестиции. Имено, целокупниот врв на СДСМ бил во акција на промоција на стимулирање на инвестиции и како што кажа Зоран Заев, односно сите тие оделе кај овие бизнисмени да стимулираат инвестиции. Па, логичното прашање е како во корист на само еден човек оделе да стимулираат инвестиции, зошто некој обичен човек од улица не го земат за рака и да го однесат кај најмоќните бизнисмени во државата и да стимулираат инвестиции.

-Следната работа која што ја дознавме од денешниот главен распит на Зоран Заев, е дека тој потврди дека нема записник, односно службена белешка од таканаречената пријава за случајот “Рекет” со што се потврдува дека тој не го пријавил случајот од причина што согласно со Законот за кривична постапка член 274 став 3, доколку се пријави кривично-правен настан за истиот се изготвува записник кој што треба да е потпишан од надлежен јавен обвинител и од пријавителот и истиот треба да се даде на пријавителот. Со тоа Зоран Заев всушност потврди дека не го пријавил случајот “Рекет”. Сметам дека аргументите се на моја страна и сметам дека ќе го добијам овој судски спор. Навистина ми е жал што судот не дозволи Зоран Заев да го одговори клучното прашање, а тоа е дали тој и како политичар и како бизнисмен, едно евро, а не тешки милиони, би дал на сомнителен лик како Бојан Јовановски доколку позади тоа не стои политички притисок, рекет и изнуда. За жал судот не дозволи ова прашање да се постави, затоа што мислам дека одговорот ви е јасен на сите, истакна Николоски.

Најнови вести