четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николов: Комисијата за заразни болести треба да се професионализира со нови луѓе и под итно мерки да се спречи ширење на делта вирусот во Македонија

Николов: Комисијата за заразни болести треба да се професионализира со нови луѓе и под итно мерки да се спречи ширење на делта вирусот во Македонија

Игор Николов, претседател на Комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во „24 анализа“ потсети како минатата година ист овој период власта велеше дека се е под контрола и нема потреба од мерки, и поради тоа болниците се преполнија со пациенти и справувањето со корона вирусот беше доста отежнато. Мерки за да се спречи овој вид на корона вирус се потребни, но и да се забрза процесот на вакцинација.

– Вчера при заседавањето на Комисијата за заразни болести не донесе никакви одлуки. А, сите сме сведоци дека дискотеките се пуштени работат на максимум и дека се преполни со луѓе. Што би јас предложил за Комисијата за заразни болести? Јас би предложил да се професионализира и би предложил во неа да се вклучат луѓе експерти од сите универзитети и медицински факултети во земјата бидејќи ги имаме повеќе од еден. И секако би требало тука да се вклучат и оние институции кои што работат посебно на оваа проблематика. И многу е важно да се забрза процесот на вакцинација, истакна Николов.

Николов додаде дека не смее да се дозволи власта пак да ја користи паролата „се е од контрола“, а Македонија поради тоа е на врвот по починати од КОВИД-19.

Делта вирусот, со – двојна мутација дава сериозни последици. Од тука произлегува евентуална мерка која што би требало да се преземе, да се градираат односно да се класифицираат земјите и сите оние патници кои што влегуваат во нашата земја посебно од земји кои што се ризични и посебно изложени на делта вирус да бидат или контролирани или да бидат со ПЦР тестови или пак вакцинирани или пак кога ќе влезат во земјата да бидат ставени на обврзителен карантин, појасни Николов.

Најнови вести