Измина долг период и плативме голема цена од оваа ситуација која прозилезе од корона вирусот. Доплнително реалноста не така розева како што ни велат, рече Игор Николов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.
Според него следи период и ќе треба да се навикнуваме на нешто ново нормално кое ќе значи пред се достанца.
-Сакам ова нормално да го споредам со периодот во 2001 година и терористичките напади по кои се навикнавме дека во авион не треба да носиме вода, течности со нас. Така сега ќе се навикнеме и на дистанцата, затоа што со тоа и се себезаштитуваме и секако блиските. Ова е период на некакво затишје, иако не верувам дека е така. А ако е така треба да го искористиме за проучување на грешките, бидејќи имаше многу посебно на почетокот кога многу се доцнеше. На пример на почетокот требаше да се следат патниците кои влегуваат на аеродром, а само наводно се мереше само температура, а на копнените граници немаше речиси никаква контрола. Потоа на луѓето кои влегуваа во државата требаше да им се каже што да прават, како да постапуваат, а кога разговарате со нив велат никој ништо не ни кажа. Луѓето не добиваа совети, рече Николов.
Тој укажа и дека немаше доволно опрема посебно за здравствените работници.
-Тоа доведе да има многу заболени меѓу здравствените работници или меѓу 15 и 17 проценти да бидат ковид позитивни. Затоа сега треба да се направи стратегија и ова да не ни се повтори. Мерките не треба да го загрозуваат животот. Иако на пример има строг закон за носење маски повеќето или погрешно ја носат, или им е во џеб и имаме недоволно познавање на противникот. Имаме и едно ноншалантно однесување или јавување на прес конференции и поради тоа како резулат се појавија драконските мерки, посочи Николов.