Дека вакцините против корона ќе недоставуваат беше предвидливо. На почеток имаше недостаок на респиратори и набавката остана енигма. Имавме проблеми со апарати за неинвазивна вентилација и оваа бројка е флуидна и недетермнинирана и кога започна и набавката на вакцини беше предвидливо дека ќе ги нема, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисјата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Што не е јасно“ што се емитува на телевизија Алфа.
Николов кажа „индолентно е некој да се потпре на еден механизам и да не покаже ниту една активост“.
-Што ќе го чинеше министерот за здравтсво да бара состаноци и да најде начин, да проба да донесе вакцини. Оваа нивна пасивност не доведе во оваа ситуација во која живееме, да има и доктори кои бараат вакцина, рече Николов.
Според него тоа што се зборува дека ќе сме биле меѓу првите земји во кои ќе е имунизиран медицинскиот персонал не е точно.
-Необезбедување на вакцини против корона е причина плуа за оставки, за оставка на министерот Филипче, рече Николов.