Би сакала најнапред да укажам дека јас сум во тој од неодамна полномошник на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која што во тој процес се јавува како заинтересирана страна. Не случајно го споменувам ова бидејќи токму по предлог на обвинителството да биде вклучена политичката партија ВМРО-ДПМНЕ како заинтересирана страна во процесот, вели Ружица Николовска, адвокат за случајот Талир2, во вечерашното гостување во емисијата Анализа на телевизија 24.
Николовска потенцираше дека и покрај тоа што партијата е заинтересирана страна во целиот случај, а не обвинета странка, Судот донесе одлука која наликува дека се суди на ВМРО-ДПМНЕ.
За жал она што е мој впечаток и покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ е заинтересирана страна, изгледаше дека се суди на политичката страна ВМРО-ДПМНЕ, а не како да е заинтересирана страна. И тоа е мој впечаток од она што го видов посебно на последното рочиште кое што беше за објавата на пресудата, истакна таа.
Во однос на конфискацијата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ Николовска рече дека тоа го доживува како политички исконструирана одлука, со низа повреди во судските процедури, укажувајќи дека според нејзе неспорен е фактот дека согласно Законот за кривична постапка може да се конфискува противправно стекнат имот, но во случајот Талир2 ниту обвинителството го докажало тоа, ниту пак Судот утврдил дека истиот е стекнат на нелегален начин.
Дел од таа пресуда е токму и конфискација на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, односно на седиштето и на уште неколку други објекти, штабови и слично како недвижен имот распространет по повеќе места. Самиот процес во себе, јас ќе напомена во делот кој што се однесува на ВМРО-ДПМНЕ јас го доживеан како политички исконструиран, со тоа што бројни повреди, процесни барем во оној дел во кој јас присуствував, изјави таа.
За мене лично е неразумна таа одлука во делот на конфискација на имотот на политичката партија заради тоа што се суди на две физички лица и не успеав јас да видам од она што јас се кажа во таа судска сала дека токму од нивните противправни дејствија како што судот смета дека од тие противправни дејствија е настанат тој имот. Така да неспорно е дека согласно ЗКП дека секоја противправна имотна корист ќе се конфискува што е стекнат или секој имот кој е стекнат со кривично дело. Но, овде тоа не се докажа, ниту обвинителството го докажа, ниту судот го утврди, туку тоа е насочен атак кон ВМРО-ДПМНЕ, децидна е Николовска.
Николовска нагласи дека ваквата одлука нема да ги обесхрабри и како политичка партија ќе ги искористи сите законски можности и ќе ја обжалат пресудата.
Како политичка партија нема да не обесхрабри таквата одлука и напротив се што стои како законска можност на наша страна ќе биде искористено. Жалосно е тоа што го гледате тој процес како јавност, вам ви се презентираат некои сегменти и носите некои свој заклучок, меѓутоа кога сето тоа ќе се погледа низ призма на правни аргументи и согласно одредбите од ЗКП е тогаш ситуацијата е малку поинаква, додаде таа.
Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ во тој процес не беше ниту обвинета странка, ниту во својство на обвинет, а се објави таква пресуда, вели Николовска.