„Во конкретниов случај за предметот за организаторите на 27-ми април сакам да укажам една работа. Во соопштението јавно од апелациониот суд во кратки црти е точно наведено зошто одлучиле да го вратат предметот на повторно судење и сметам дека нивното соопштение е професионално. Таму се наведува дека се констатирани повреди на обвинетите по таа кривична постапка“, изјави адвокатката Ружица Николовска во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.
Таа додаде дека правната теорија велат нешто друго, законите велат нешто друго и точно се знае за вакво кривично дело кои се обележјата
„Има селективно осудување на лицата за настаните од 27ми април бидејќи од тие што досега се осудени се навистина селективни. Тоа е заради што е невозможно да се осудат лица како што се полициски службеници и слично што не презеле ни еден акт на насилство а во исто време човекот кој ги отвори вратите на Собранието да не го осудат, па згора на се и да го наградат ,кажа Николовска.
Николовска потенцираше дека самиот предмет за настаните од 27-ми април во Суд се протурка на стаклени нозе и брзина каде судењата и рочишта дури и по 12 часа. Како адвокат таа била и казнувана неколку пати и без право на глас.