Довербата во судските институции граѓаните ја добиваат и ја губат во зависност од тоа како се извршува работата во тие институции. Она што е клучно е фактот што имаме неиспорачана правда, изјави за телевизија Сител Ружица Николовска, кандидат за пратеник во Првата изборна единица
Довербата во судските институции граѓаните ја добиваат и ја губат во зависност од тоа како се извршува работата во тие институции. Она што е клучно е фактот што имаме неиспорачана правда. Затоа што правдата не се испорача во изминатиот период, сметам дека затоа граѓаните ја губат довербата во судството. Голем број на случаи не добија свој епилог напротив видовме ситуации на Луј Витон судство, и на други големи афери и сметам дека токму актуелната власт е силно инкорпорирана во судството, ете тоа е основната причина на губење на довербата, рече Николовска.
Николовска смета дека СЈО не ја заврши својата работа, односно не јаисполни мисијата за којашто беше основано.
Од денешен аспект сметам дека СЈО не ја заврши својата работа, односно не јаисполни мисијата за којашто беше основано. Замислете вие се случува да главните актери токму во СЈО се оние коишто се и главни актери во случајот Рекет. Згора на се сега сите имавме прилика да видиме сега првоосудениот во овој случај, сеуште неправосилно дава јавно признание, диретно признание дека токму парите од случајот Рекет завршиле кај власта. За жал заради ваквите ситуации ги добиваме овие епитети на Луј Витон судство и на ред други работи за кои не би споменувала. Меѓутоа мисијата не ја исполни СЈО и токму заради тоа ни се случуваат овие работи, истакна Николовска.
Таа е убедена дека заради мал дел на судии и јавни обвинтели се случува нарушување на главниот впечаток на целовкупното судство и обвинителство
-Кога разговараме за судиите и за јавните обвинители навистина морам да посочам дека тоа е една многу подлабока тема и едно многу подлабоко прашање, и пред да дадам одговор би рекла дека тука имаме два аспекта. Првиот апсект е дека не смееме да генерализираме, јас сум убедена дека заради мал дел на судии и јавни обвинтели се случува нарушување на главниот впечаток на целовкупното судство и обвинителство, значи не би смееле да генерализираме. Додека вториот аспект е дека видовме во изминативе три години, дека токму од страна на актуелната власт се врши притисок и влијание за да се диригираат одредени судски или јавно обвинителски одлуки. Секогаш ќе постои наоѓање на најслабата алка во синџирот, секогаш ќе имаме одреден поединец, којшто ќе подпадне под влијание и под притисок на одреден политичар, ете тоа не смееме да го дозволиме и заради тоа влијание се случува да имаме ваков впечаток за правосудните органи, додаде таа.
Николовска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ навистина се залага за независно и ефикасно правосудство не само како една обична флоскула на хартија.
ВМРО-ДПМНЕ навистина се залага за независно и ефикасно правосудство не само како една обична флоскула на хартија. Ние изготвивме прецизно и со огромно внимание програма, која е насловена како Проект Обнова на Македонија, во којашто ни се јасно содржани и изразени сите наши проекти за коишто се залагаме, за коишто се обврзуваме и јавно ветуваме дека ќе ги исполниме. Воедно постојат многу, но само ќе споменам неколку. Се залагаме за тоа и се обврзуваме да ставиме стоп и крај на корупцијата и непотизмот. Потоа се залагаме за нови критериуми за избор на судиите и за напредување во нивната кариера. Се залагаме за донесување на нов закон за проверка на имот на функционерите, судиите, јавните обвинители. Со еден збор се залагаме за безусловно владеење на правото, почитувањ на Уставот и законите и правда за сите. Ветуваме дека ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе донесеме правда во Република Македонија, додаде николовска.