четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николовска: Во Македонија нема правна држава, има политички прогон на трас трас судството на Заев

Николовска: Во Македонија нема правна држава, има политички прогон на трас трас судството на Заев

Во Македонија во овој момент нема ниту право ниту правна држава туку имаме еден девастиран и изрушен комплетно правосуден систем. Владата се фали дека има функционална правна држава, а државата во овој момент не е функционална, а правна уште помалку, изјави адвокатката Ружица Николовска на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Право и правда“.

Николовска истакна дека не може да има правна држава кога Заев го слушнавме како зборува за трас трас судство и како зборува дека во судството не може без него и тој беше главен реформатор на судските реформи, и затоа наместо правда имаме политички прогон.

– Дали треба да се зборува за многуте судски предмети кои се водат во Македонија? Политички – прогон, 27 април случајот за кој ве уверувам дека ќе биде предмет на изучување на правни факултети, ќе биде пример како не треба да се суди и како да се години. Тоа се наши браќа кои се невини, а лежат по затвори, рече Николовска.

Таа додаде дека политичкиот прогон најмногу може да се види во случаите кои се отворени од поранешното СЈО и за пример го даде случајот „Топлик“ велејќи дека сведоците се повикувани и им се вршени притисоци дека многу брзо наместо сведоци може да бидат обвинети, а случајот спротивно на закон го води судија поротник кој треба да е пензиониран.

– За да зборувате за судство, непристрасност и борба против корупција не треба само да се зборува туку да се покажат дела. Во случајот Топлик имаме ситуација каде судија поротник кој требаше да биде пензиониран на 25 мај, не е пензиониран продолжува да постапува во тој предмет спротивно на закон. Која е позадината на тоа. Во тој предмет има вештак кој извршил вештачење а истиот е директор на Агенција за катастар на недвижности. Антикорупциска вели дека не смее тој да биде, бидејќи има судир на интереси, но судот продолжува. А има и влијание на сведоци. Ги повикуваат и им прават притисок за да кажат дека имало штета во случајот, истакна Николовска.

Таа посочи и дека со оваа власт граѓаните не може да си ги остварат своите права и да извадат документ како пасош и лична карта, но затоа такви документи има за криминалци кои треба да одработат за власта.

Најнови вести