петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николовски од ВМРО-ДПМНЕ во Тимјаник на средба со лозарите

Николовски од ВМРО-ДПМНЕ во Тимјаник на средба со лозарите

Дојдов меѓу лозарите во Тимјаник, неготинско, да им кажам дека власта на Заев повторно ги предаде. После 3 дена јавна расправа во Собранието во која лозарите си ги искажаа своите маки, мнозинството предводено од СДСМ ги одби заклучоците предложени од ВМРО-ДПМНЕ кои меѓу другото предвидуваа:

-интервентен државен откуп на сето неоткупено грозје
-навремена исплата на грозјето
-гарантирани цени кои се најмалку 20% повисоки од производната цена
-да се исплатат дополнителни 96 илјади денари за хектар субвенции
-да се ослободат лозарите од плаќање закуп за земјоделско земјиште и надоместок за вода
-да се одзема лиценцата на секоја винарија која нема да ја почитува договорената цена и количината за откуп

Впрочем, сето ова го ветуваше Заев кога беше во опозиција. Сега бараме само да се реализира тоа што го ветуваа.

Повторно излажаа и ги оставија лозарите на цедило. Затоа што Заев е на страна на зелената мафија. нема образ да дојде и ова да им го каже на лозарите. А ние секогаш сме на страна на народот и со народот. Тоа е разликата.

Фејсбук статус на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Дојдов меѓу лозарите во Тимјаник, неготинско, да им кажам дека власта на Заев повторно ги предаде. После 3 дена јавна…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Monday, October 5, 2020

 

Најнови вести