вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николовски: За прв пат Македонец оценува друга држава, деновиве сум во БиХ во мониторинг мисија по која ќе напишам извештај за СЕ

Николовски: За прв пат Македонец оценува друга држава, деновиве сум во БиХ во мониторинг мисија по која ќе напишам извештај за СЕ

Деновиве во функција на известител определен од Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, учествувам во мисија за утврдување на фактите во Босна и Херцеговина, напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

-Ова е првпат член на македонската Делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа во функција на известител да учествува во мониторинг мисија и да известува за напредокот на друга држава. По посетата ќе изготвиме извештај за напредокот на државата, кој прво ќе биде претставен пред членовите на Мониторинг комисијата, а потоа, заедно со препораките за идните чекори прво ќе биде предмет на дебата на пленарна седница, а потоа ќе следи гласање за текстот, кој ќе ја претставува заедничката позиција на Парламентарното собрание на Советот на Европа, истакна Николовски.

Најнови вести