недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Никовски: Бојкот на претседателските избори најмногу им одговора на СДСМ и ДУИ

Никовски: Бојкот на претседателските избори најмногу им одговора на СДСМ и ДУИ

Поранешниот амбасадор и дипломат Ристо Никовски во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија, истакна дека бојкотот на претседателските избори е всушност прифаќање на статусквото на прекрстената држава и променетиот устав, додавајќи дека бојкот на изборите најмногу им одговора само на актуелната влада на СДСМ и ДУИ.

-Бојкотот на претседателските избори значи апсолутно  прифаќање на статусквото и капитулантскиот договор од Преспа. Ако се бојкотира тоа значи да не успеат тие избори и тоа значи дека Талат Џафери ќе биде некое време претседател на државата. Сите тие барања, апелирања за бојкот одат во корист на власта и се против македонизмот во целина, бидејќи објаснувањата ако ги даваат дека со излегување на тие избори де факто прифаќаш Северна Македонија, која е измислена и непостоечка држава, тоа е апсолутно погрешно, вели Никовски

Според Никовски, граѓаните треба да излезат масовно на претседателските избори и да гласаат за Гордана Силјановска која е кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека само на тој начин ќе започне процесот во борба за опстанок на македонскиот народ.

-Тоа  е таа реалност и ако ти таа реалност не се обидеш да ја промениш, а можеш да ја промениш само со излегување на изборите гласајќи за кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кој има поинакви ставови и е против тој договор ти де факто го прифаќаш статус-квото. Затоа потребно е сите да излезат на избори и да гласаат за кандидатот на опозицијата и да се отвори еден процес во борбата на македонскиот народ за опстанок, порача Никовски.

Најнови вести