четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Никовски: Со задолжувањето на власта, Македонија за година дена ќе биде банкрот држава

Никовски: Со задолжувањето на власта, Македонија за година дена ќе биде банкрот држава

Сите сме сведоци дека Македонија се задолжи со нова еврообврзница од 700 милиони евра, се задолжи кај Светската банка, се задолжи во ММФ, Европската банка околу 1 милијарда и 200 милиони евра, со тоа Македонија потпишува капитулација, тие пари Македонија никогаш не може да ги врати, вели поранешниот амбасадор и македонски дипломат Ристо Никовски во гостување во емисијата Само вистина на ТВ Канал 5.

Никовски посочи дека за година до две Македонија ќе банкротира бидејќи државата нема да може да го сервисира долгот.

-Македонија овие пари следната година не ги враќа, се презадолжува, ги репрограмира и тоа за 10 години се 3 милијарди, за 20 години се 6 милијарди, кога ќе ги врати. Македонија ќе биде банкрот држава за 1 година или 2 затоа што нема да може да го сервисира долгот, изјави тој.

Никовски нагласи дека Хрватска се задолжила со 2 милијарди евра со камата од еден ипол процент на 10 години за разлика од Македонија чија камата изнесува 3,60 проценти на 6 години.

-Знаете која е најновата вест, дека Хрватска се задолжила со 2 милијарди евра со камата на 10 години со еден ипол проценти камата, а нашата камата е 3,60 проценти, рече Никовски.

Најнови вести