четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Никовски: Владата на СДСМ ја игнорира улогата на претседателот на државата во надворешната политика, тоа е спротивно од Уставот

Никовски: Владата на СДСМ ја игнорира улогата на претседателот на државата во надворешната политика, тоа е спротивно од Уставот

Поранешниот амбасадор и македонски дипломат Ристо Никовски во денешното гостување на „Алфаскоп“ рече дека претседателот на државата е тој што е надлежен да потпишува меѓународни договори, додека владата на СДСМ може тоа да го прави доколку има специјален  закон, бидејќи случајот со спорот со името помеѓу Македонија и Грција е исклучително важно прашање бидејќи се работи за судбината на државата и идентитетот на македонскиот народ.

Член 119, став 1 од Уставот на Република Македонија гласи меѓународните договори во името на Република Македонија ги потпишува  исклучиво претседателот на Република Македонија. Став 2 вели меѓународните договори може да склучува и владата на Република Македонија само кога тоа е определено со закон. Бидејќи во овој случај се работи за нешто исклучително важно, за судбината на државата со други зборови ако нема специјален закон за тоа, надлежен е само претседателот на државата, вели Никовски.

Никовски додаде дека и според македонскиот устав а и според праксата во цел свет  претседателот на државата има нагласени ингеренции во надворешната политика. Тој ја спомена и изјавата од кабинетот на претседателот Иванов дека тој нема добиено никакви информации за предлог-договорот кој што го испратила Грција до македонската влада, а ниту пак предлог-договорот кој што го испратила македонската влада до Грција. Овој чин Никовски го смета како игнорирање на улогата на претседателот на државата што е спротивно од Уставот.

Основни фундаменти на секоја држава е името и доколку тоа се промени, тогаш значи дека ти се негираш самиот себе, правиш смешно нешто од самиот себе, истакна Никовски.

Најнови вести