Нивоата на речиси сите реки во земјава кај кои денеска се извршени хидролошки мерења, покажуваат двојно пониски вредности од просекот за мај.
Тројно намалување бележи Сатеска кај Ботун, додека единствена во рамки на просекот е Бабуна кај Богомила.
Кај езерата ситуацијата е поинаква. Водостојот на Охридското е исто како мајскиот просек, Преспанското покажува налаување, а Дојранското зголемување.