По последните обилни дождови изминатиот викенд денеска е зголемено нивото на водата во коритото на реката Вардар во Велес, а е видливо во Градскиот Парк и кај раклите на двата моста во центарот на градот.
Како што информираат за МИА, од Центарот за управување со кризи денеска кај Стар мост од УХМР биле измерени 148 сантиметри, што е повеќе за 16 сантиметри споредено со вчера кога беа измерени 132 сантиметри, што исто така било повеќе споредено во деновите пред дождовите.
Од Центарот за управување за кризи информираа дека средниот просек за април на Вардар во Велес изминатите години бил 111 сантиметри, со тоа што вчерашните и денешните вредности се 37 сантиметри над просекот за април од изминатите години.
Тие информираат дека континуирано ја следат состојбата со нивото на водата во реката Вардар, со цел навреме да се реагира во случај на опасност од излевање на водите од реката.