четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Низ прстен те гледа, в срце да ти влеза“ – Викендов ќе се одржи Галичка свадба

„Низ прстен те гледа, в срце да ти влеза“ – Викендов ќе се одржи Галичка свадба

По една година пауза поради Ковид пандемијата, оваа година по 47-ми пат повторно ќе се одржи Галичка свадба. Настанот е закажан за претстојниот викенд, а целата церемонија ќе започне во петок во 20:30 часот.

Истрајни во желбата да бидат дел од традицијата, Филип Бундовски и Катерина Илиевска кои лани беа избрани за зет и невеста на Галичка свадба, годинава ќе ја крунисаат својата љубов во Галичник.

-Повторно дојде времето да се постави мостот меѓу минатото, сегашноста и иднината. Создавајќи магија во која времето и не игра којзнае каква улога, да ги оживееме обичаите, да ги исткаеме метафизичките конци протегнати од исконот, да го збуниме разумот заматувајќи ги границите меѓу реалното и надреалното, да ги разбудиме сите сетила. Среќни што годинава можеме тоа да го направиме, среќни што сме овде, што сме здрави, и сеќавајќи се на оние кои ги изгубивме патем во тешката година што измина, и кои и покрај тоа ќе бидат со нас, поканети, присутни…, велат од Месната заедница Галичник.

Културната манифестација Галичка свадба 2021 е под покровителство на шефот на државата Стево Пендаровски.

Најнови вести