НЛБ Банка АД Скопје во моментов не води никаква постапка за присилна наплата против Друштвото за производство и трговија Млекара Здравје Радово ДОО увоз-извоз Скопје, се вели во соопштението на Банката по објавите во дел од медиумите каде се споменуваше во врска со Друштвото за производство и трговија Млекара Здравје Радово ДОО увоз-извоз Скопје.
-НЛБ Банка АД Скопје има започнато постапка за присилна наплата против должникот Земјоделски комбинат Пелагонија акционерско друштво од Битола, а заради наплата на побарувања.Во рамки на наведената постапка од страна на надлежен извршител е издаден налог за заплена на удел, кој должникот Земјоделски комбинат Пелагонија го поседува во Друштвото за производство и трговија Млекара Здравје Радово ДОО увоз-извоз Скопје. НЛБ Банка дејствува согласно законските прописи и сите наши активности се насочени пред се кон заштитана интересите на нашите депоненти и интересите на Банката воопшто, се наведува во соопштението.
Оттаму посочуваат дека како системска банка во Република Македонија, во рамки на нивните надлежности секогаш настојуваат да обезбедат стабилност и примарна цел на Банката е нормално функционирање на компаниите.