Густата магла утринава го отежнува одвивањето на патниот сообраќај, додека авиосообраќај на скопскиот аеродром е нормализиран.
Јавното претпријатие „Македонија пат“ утринава информира дека густа магла со видливост до 30 метри има во Тетово, додека на патниот правец Неготино- Демир Капија и во Куманово и Сарамзалино видливоста е од 50 до 100 метри.
На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози, но од „Македонија пат“ препорачуваат внимателно возење и прилагодување на условите на патот.
На скопскиот аеродром, каде за време на викендот сообраќајот се одвиваше отежнато и беа откажани дел од летовите, утринава, според веб страницата на аеродромот, се реализирани сите планирани полетувања и слетувања.
МИА