Сообраќајот на патниот правец Дебар – Маврово и обратно е нормализиран, соопшти вечерва АМСМ.
Беше во прекин попладнево поради голем одрон од околу 200 кубни метри камен кој се урна на коловозот кај селото Долно Косоврасти, на патниот правец Дебар – Маврово.
Одронот настана дваесетина минути по последниот земјотрес и е последица од серијата потреси во поширокиот Дебарски Регион во текот на денешниот ден кои ги разнишаа карпите на овој патен правец. (МИА)