среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Росоман-Кавадарци

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Росоман-Кавадарци

Сообраќајот на патниот правец Росоман-Кавадарци денеска од 15:40 часот  е нормализиран, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Поради изведување градежни работи сообраќајот на овој патен правец беше во прекин.

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. (МИА)

Најнови вести