Грешка која многу пати се случуваше во последниве години со странски гости, се повтори и вчера при пречекот на министерката за надворешни работи на Словенија Тања Фајон во Скопје.
Фајон во кабинетот на својот колега Бујар Османи беше пречекана со знамето на Република Словачка.
На средбата меѓу двете делегации, како и на прес конференцијата уредно беше поставено словенечкото знаме. Министерот Османи се пофали со фотографии и видео од средбата со Фајон, но ги изостави овие фотографии снимени во неговиот кабинет.
Министерството за надворешни работи денеска преку соопштение до медиумите изразува длабоко извинување за, како што се наведува, „ненамерниот пропуст при употребата на малото знаме на тет-а-тет средбата на двајцата министри при посетата на министерката Фајон на земјава, кое беше едно од десетте државни обележја кои беа употребени за време на средбите“.
– Во исто време дозволете да информираме дека состанокот, како всушност и целата посета на министерката Фајон помина во исклучително позитивна и пријателска атмосфера со важни пораки кои беа разменети и на самите состаноци, но и испратени во јавноста.
Иако не може да има оправдување за направениот пропуст, министерката со целосно разбирање ја прими грешката како ненамерна, без никакво влијание врз успешноста на средбите и посетата.
Информираме дека М=-09 /
нистерството за надворешни работи дополнително ќе ги зајакне протоколарните проверки со цел во иднина да не се повтори ваква ситуација, се наведува во соопштението од МНР.
Овој пропуст на државниот протокол, при пречекот на странските гости во Република Македонија, се повторува.
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц во Скопје пред Владата, од тогашниот премиер и негов домаќин Заев беше пречекан со знаме на Летонија. Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ беше дочекан во претседателската вила на Водно кај Стево Црвенковски со црногорското знаме свртено наопаку.
Има, за жал, и други вакви лоши примери при пречекот на странски официјални гости во Македонија.