Откако не си пријави ниту една фирма на тендерот за рушењето на дивоградбата кај Мавровка голема 330 метри квадратни, општината Чаир најверојатна уште денес ќе објави нов повик со истите услови.
Засега е нејасно што ќе се случи доколку повторно не се пријави ниту една фирма за рушење на дивоградбата, кој преку ноќ, без дозвола и знаење на надлежните се појави на местото на кафулето „Фонтана“ кое изгоре во пожар. Надлежните се уште не го објавуваат ни името на мистериозниот инвеститор кој им пркоси на законите и системот.