среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

 Нова циркузијада на рочиштето за протестите пред општина Центар

 Нова циркузијада на рочиштето за протестите пред општина Центар

На денешното рочиште за случајот „Општина Центар” обвинетиот Митко Пецев бараше од советот да ја напушти судницата, бидејќи неговата сопруга е многу болна и претрпела инсулински шок.

Тој достави уредна документација од лекар во која пишува дека неговата сопруга мора да прима инсулин два пати на ден и дека не смее сама да се боцка бидејќи последниот пат добила инсулински шок. Исто така, Пецев рече и дека неговата сопруга била болна од рак.

Судијата не дозволи обвинетиот да ја напушти судницата, па дојде до расправија помеѓу Пецев и обвинителот Гаврил Бубевски, кој дрско му се обрати и му рече:

„Што си барал во општината кога жена ти била болна”.

На судењето поради лични причини не дојде сведокот Никола Георгиевски, па на тоа реагираше одбраната и обвинетите кои бараа од Советот да се запази редот на сведоците.

-Кога обвинетите бараат да бидат ослободени од судење тоа не е дозволено, а денеска сме сведоци како сведок поради лични причини не доаѓа на закажано рочиште иако е уредно поканет, рече обвинетиот Александар Трајковски.

Обвинителот Фатиме Фетаи наместо да бара полициско приведување на сведокот кој уредно поканет не дојде на рочиштето, таа рипна од столчето и бараше од судијата приведување на Никола Груевски кој задоцни пет минути.

Прв сведочеше долгогодишниот претседател на СДСМ – ОО Центар, Јован Тагасовски, кој како долгогодишен функционер и активист на СДСМ не штедеше зборови за обвинетите.

Фатиме Фетаи му се развика на адвокатот Дангов кога тој интервенираше дека таа надвор од процедурата поставува вкрстени прашања, со зборовите: „Ќе пораснете ли веќе еднаш“. Малку подоцна, видно нервозна, излезе да испуши една цигара.

Јован Тагасовски имаше повеќе неточни и лажни сведочења како на пример дека се спречило поништиувањето на одлуките за ДУП-овите, што не е точно, советот на општина Центар ги донесе тие одлуки и ги објави во службеното гласило. Подоцна Уставниот суд на РМ ги поништи тие одлуки.

Најнови вести