вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нова провокација на Џамбаски: Со народот зад Деве Баир сме еден народ, вештачки поделен

Нова провокација на Џамбаски: Со народот зад Деве Баир сме еден народ, вештачки поделен

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски денеска на неговиот Фејсбук профил објави нова провокација кон Македонија.

Тој одбележа 126 години од раѓањето на Ванчо Михајлов објавувајќи провокативна порака.

Џамбаски рече дека „со народот зад Деве Баир, ние (Бугарите) сме еден народ поделен со вештачка граница“. Тој и претходно македонските ги нарекуваше бугарски градови. Дури објавуваше и карти во кои Македонија и Бугарија се една држава.

Најнови вести