недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нови партиски огласи: Агенцијата за примена на јазикот вработува 13 државни службеници

Нови партиски огласи: Агенцијата за примена на јазикот вработува 13 државни службеници

Нови партиски вработувања објавува Агенцијата за примена на јазикот за вработување на дури 13 државни службеници и покрај најавите од страна на премиерот Зоран Заев дека државната и јавна администрација ќе се намалува се со цел да се намалат и непродуктивните трошења.

Но, по се изгледа дека и ова ветување е само уште една лага во низата на лаги изговорени токму од првиот човек на извршната власт.

Имено, Агенцијата за примена на јазикот која е релативно нова институција се формира по носење на Законот за двојазичност од страна на владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ во парламентот и има за цел да врши имплементација на законот за двојазичност.

 

Работните позиции на кои се вработува се различни, а платата зависи токму од позицијата , па така се бара еден извршител раководител на одделение за информатичка технологија со нето плата од 30.560 денари, потоа еден извршител советник за превод и еден извршител за лекторирање со нето плата од по 27.017 денари, по еден помлад соработник за подготовка на материјали и податоци и односи со јавноста, лекторирање, како и материјално финансиско работење, тројца извршители на позицијата помлад соработник за превод со нето плата од по 22.026 денари, еден виш соработник за буџет и буџетска контрола со нето плата од 22.026 денари.

Ова не е единствениот оглас објавен од страна на државните институции. Имено во моментот и Агенцијата за остварување на правата на заедниците  преку оглас вработува едно лице на позицијата помлад соработник и тоа за изработка на програми, планови и решенија од службенички и работен однос со нето плата од 20.977 денари, додека пак Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев вработува еден јавен службеник на позицијата самостоен референт за информатички работи со нето плата од 16.450 денари.

Власта продолжува да ги партизира институциите имајќи во предвид дека има над 1343 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор кои земаат плата, а седат дома, тогаш логично е да се постави прашањето зошто не се преземаат овие лица за работа во Агенцијата за примена на јазикот, туку се распишуваат нови огласи кои што ќе значат дополнителен трошок на Буџетот на Република Македонија?

 

Најнови вести