Нови судски рочишта за случаите „Тотал“ и „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство треба се одржат денеска во Кривичниот суд во Скопје.
Во „Тотал“ обвинет е новинарот Драган Павловиќ-Латас, за затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „ „Тотал“медија центар” и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице.
По неколку одложувања поради здравствени и семејни причини на Драган Павловиќ-Латас, судењето за случајот започна на 14 мај.
На обвинителна клупа денеска, исто така, треба да седнат и обвинетите во предметот на СЈО „Транспортер“. Поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица во овој случај се товарат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.
МИА